Тема 5-8: Болести на леглото -Американската чума и Европската чума на пчелно легло- европски трулеж - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-8: Болести на леглото -Американската чума и Европската чума на пчелно легло- европски трулеж

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 19/5/2020 10:42:00 · Download 5-10--------------------AFB---EFB.m4a
Постојат шест болести кои го погодуваат леглото на пчелите. Од нив три се важни и сериозни, а другите не.
American Foul Brood (AFB) Американската чума и Европската чума на пчелно легло се најсериозни

American Foul Brood (AFB) Американската чума
Пчелната чума е болест на затвореното легло. Причинителот е микроб Bacilus larvae, кој се пренесува  во форма на спора. Овој микроб се развива и размножува во услови кои се погодни за него. Кога тие услови ги нема, тој се претвора во спори (округли тела). Колку се знaе досега Bacilus larvae го напаѓа само пчелното легло. Ларвата која ја уништиле содржи многу илјади спори. Во организмот на здравата ларва доаѓа со храната. Се развиваат брзо откога пчелите ќе ја поклопат ларвата. Смртта на ларвата настапува  од некоја врста на труење на крвта, обично третиот ден од поклопувањето, кога ларвата ќе ја исплете чаурата ќе се испружи и дојде до состојба на потполно мирување. Ларвата прво станува жолтеникава, потоа темно кафена и црна. Кога е кафена, тогаш е леплива. Ако со стапче се пробие во леглото, тоа ќе извади леплива материја. Потоа остатоците се сушат и поцрнуваат. Пчеларот  ќе примети промена на поклопците кои ја менуваат бојата и имаат масен сјај и нивниот облик на купола има вдлабен изглед. Како болеста напредува, се повеќе  ќелии ќе го имаат тој изглед и ќе бидат откинати бидејќо често пчелите сакаат да ги исчистат ќелиите. Заради лепливоста не испеваат, но така ги шират спорите понатаму. Болеста во кошницата се шири многу споро. Ако првите ларви се разболат рано во пролет, болеста ќе земе замав во есен. Ако кошницата се зарази во текот на сезоната, депонијата обично влегува  во зима , но сигурно страда  или во зимата или во пролетта. Спорите на бацилусот се многу отпорни на сончева светлост, суша, топлина и обични хемиски средства за дезинфекција. Во медот, старите кошници, старото саќе, можат да се одржат многу долго, дури и неколку десетина години (35). Точното време уште не е утврдено. Како болеста се шири, така на саќето со легло ќе се приметат многу празни ќелии кои не се залегнати и изгледа како забиберена пита,
односно пита која има расфрлано легло со голем број на поклопени ќелии со мртви ларви и прљави поклопци кои често имаат дупчиња. Трулата и леплива ларва има свој карактеристичен мирис на загреан столарски туткал. Заразата меѓу колониите најчесто се пренесува со грабеж.

Проучувајќи го животот на бацилусот, Холст дошол до еден многу едноставен и брз начин на утврдување на AFB. Во стаклена цевка- епрувета да се стави лушпата (исушениот остаток) од изумрената ларва. Потоа да се додадат 20 капки топла вода (не врела, туку умерено топла) и полека да се протресе. Потоа се додаваат 10 капки млеко и повторно полека да се протресе. Ако мешавината се избистри во рок од 15 минути, а течноста добие провидна бледожолта боја, тогаш има AFB. Ако ларвата не умрела од AFB, тогаш во текот на 15 минути течноста останува матна. Ако во епруветата сте ставиле дел од лушпата или дел од лепливиот остаток, тогаш ставете 20 капки вода но намалете ги капките на млекото. После тестот, заразениот материјал да се запали, а епруветата да ја варите 20 минути.

За лечење на AFB не постои никаков лек. Сулфатиазол натриум не го убива причинителот, туку го спречува неговото развивање и множење. Најдобро е да се запалат сите пчели и саќе и рамки, а кошниците убаво да се изгорат од внатре, особено на недостапните места.

Сулфатиазолот се додава на спремениот шеќерен сируп и тоа 0,3-0,5 дг сулфатиазол на 1 литар сируп. Болното друштво откако ќе се пресели во нова кошница без саќе, не треба двапати да се третира со сулфатиазол. Пчелите од болното друштво може да се соберат и со поместување на кошницата за 1,5-2м во страна, а на нејзино место да се стави друга кошница и да се пренесе матицата. Пчелите од заразеното друштво може да се убијат со турање на 0,6 л бензин навечер кога сите пчели се внатре. Пареата од бензинот ќе ги убие пчелите за неколку секунди. Преселувањето на пчелите може да се изврши на почетокот на главната паша. Затоа за жал убивањето на пчелите е ефикасна метода.

Д-р С. Матука од Загреб со обиди утврдил дека свежите случаи на AFB успешно се лечат со сулфатиазол кога се дава 0,5 гр (претходно растворен во чаша топла вода) во 1 литар шеќерен сируп 1:1 секој втор ден, осум пати.Тој исто така утврдил дека на истиот начин сулфатиазолот спречува појава на AFB во здраво друштво.


European Foul Brood EFB - Европската чума на пчелно легло- европски трулеж
EFB е болест на отворено легло. Кај пчеларите е позната како доброќудна, смрдлива или кисела трулеж. EFB е помалку опасна од АFB. Таа по правило не ги напаѓа јаките  и правилно негувани колонии.Сепак EFB не е доволно разјаснета. Се чини дека на развојот и ширењето на болеста покрај причинителот, влијаат и некои внатрешни и надворешни причинители. Истражувачите веруваат дека гланиот причинител е микробот Bacilus pluton или  Streptococus pluton многу мак микроб кој не формира спори.

Болеста обично се појавува во пролет или рано во лето во области со сиромашна и доцна летна паша. Микробот се наоѓа во пчелното млеко со кое се храни ларвата. Микробот не ја труе” ларвата туку ја убива, така што ја изгладнува. Во рана фаза на инфекцијата, само неколку ларви умираат и тие се многу брзо исфрлени од пчелите надвор од кошницата, а со нив и заразата. Колку повеќе ларви умираат толку заразниот материјал побрзо се исфрла од кошницата. Колку тие преживуваат подолго, повеќе стрептококи се развиваат во леглото.
Во рана пролет кога нема многу легло, пчелите обилно ги ранат ларвите и тие често доживуваат созревање. Како леглото доживува врв на развојот кон средината на јуни, така и заразата доживува врв. Ако се почуствува големо опаѓање на собирањето на мед, полен и прополис кое се должи на тоа што ларвите умираат, значи дека може да се посомневаме во болеста. Тоа е време кога болеста ќе ја забележиме, додека во други времиња тоа е невозможно. Ларвите обично умираат пред да се затвори леглото.Нормалната здрава ларва  има бисерно бела боја, правилно свиткана на дното на ќелијата.

EFB има малку жолтеникава или сива боја и завзема неприродни позиции во ќелијата, доста мрда, како да ја боли стомак. Мртвата ларва ја губи провидноста и станува жолта или темно сива. Нејзиното тело станува меко, кашасто но не и лепливо или растегливо. Ако има некаква растегливост, таа не е таква како кај AFB, извлечените конци се пократки и погруби. Кога остатоците на умрените ларви се во влажна или гнила состојба, имаати изразен мирис на расипано месо поради што оваа болест го добила името смрдлива трулеж. 

Првиот знак на присуство на EFB е присуство на празни келии или присуство на келии со ларви или јајца на оние делови од саќето каде треба да има непрекината плоча на поклопено легло. Колонијата која е заразена, доколку е силна, може да се ослободи од EFB, да ги исфрли болните ларви и да се излечи. Слабите друштва кои се заразени или треба да се убијат или спојат со јаки. Преселувањето на чисто саќе нема да ја спречи болеста како кај AFB. Според искуството на Американците, сулфатиазолот не помага кај EFB. Болеста полесно е да се спречи отколку да се лечи.



No comments

Back to content | Back to main menu