Тема 1-7: Пчела, матица и трут – анатомски разлики - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 1-7: Пчела, матица и трут – анатомски разлики

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 12:23:00 · Download 1-8.--------------------.m4a
Матицата е најдолга од сите, крилјата и се протегаат само до половина од абдоменот. Нејзината глава пропорционално е помала од останатите два типа и изгледа како да има подолги нозе и личи повеќе како пајак.

Трутот кој тежи колку и матицата е повеќе коцкасто” граден. Крилјата му се големи и му го покриваат целиот абдомен кој е потрупести речиси коцкаст на крајот. Има долги нозе, но заради неговата градба тоа не се забележува и не изгледа како пајак. Има голема глава која е речиси сферична, која е составена главно до две големи сложени очи кои се среќаваат на врвот од главата, редуцирајчи го лицето речиси на ништо друго.

Пчелата е најмала од сите три, тежи како половина од матицата и трутот, крилјата не го покриваат целиот абдомен кој е зашилен” на крајот. Главата пропорционално и е доста голема и триаголна по пблик и со кратки нозе. Пчелата е специјано прилагодена за нејзината работа за што мандиблите се во облик на лажичка, без заби за да може да го обликува восокот. Нејзиниот трет пар на нозе се модификувани за да може да носи полен. Јазикот и е многу поголем за разлика од останатите двајца, бидејќи само пчелата собира нектар.




No comments

Back to content | Back to main menu