Ако пчелите летаат незначи дека колонијата го добива неопходниот нектар и храна.
Симптомите на изгладнетост кога пчелите се пикнати со главите во саќето се симптоми на зимско гладување.
При летното изгладнување пчелите стануваат летаргични и паѓаат од саќето не се способни да маневрираат итн. При летното изгладнување колонијата ќе го потроши целиот материјал за многу кратко време, можеби за 24 часа. Тоа е така бидејќи тие еднакво ја делат храната и ја достигнуваат точката на изгладнетост речиси истовремено. Така тие изгледаат неверојатно здраво денес, а мртви наредниот ден од изгладнетост.
Во колонија која се приближува кон летна изгладнетост не е необично да се види голема раздвиженост на влезот во деновите пред изгладнетоста.
Изгладнетоста може да се случи во било кое врeме од годината.
Никогаш не треба да се претпостави дека ако е мај, јуни, или јули, колониите автоматски можат да обезбедат храна. Треба да бидете свесни за знаците кои се јавуваат во колонијата која гладува.
Најчесто прв знак се бели парчиња од кукли кои се исцицани пред да се исфрлат. Секогаш кога леглото се исфрла од кошницата, пчеларот треба да изврши преглед.