Тема 4: Пчелна заедница - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 4: Пчелна заедница

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 12:53:00 · Download 4.----------------.m4a
Матицата започнува со залегнување на јајца уште во јануари и потоа постепено го зголемува бројот. Генерално, намерата на колонијата е да ја зголеми својата популација користејќи ги раните цвеќиња и потоа оваа популација да собере поголема количина мед за зима. До крајот на јули во многу предели се е готово и популацијата на пчели се намалува, што доведува до нагло намалување до средината на август. Оваа мала популација потоа преживува со залихите до наредната пролет.

Феноменот на роење кога колонијата е на врвот на својот развој е добро познат. Пред да настане роењето, во колонијата се присутни матични ќелии. Значи дека постои некој “trigger” кој ја иницира нивната изградба. Феромонот или ектохормон ectohormone е супстанца продуциран од матицата кој влијае на однесувањето на другите едники во колонијата. 
Во овој случај имаме работа со феромон кој е составен од најмалку две супстаници: оксидоденонска и хидроксидканонска киселина oxydecenoic и hydroxydecenoic acid. 
Првиот е оној кој ги привлекува трутовите да ја следат матицата на свадбен лет. Со лижење на матицата, феромоните се предаваат понатаму во колонијата. Пчелите кои примиле доста од феромонот се “спречени” да градат матични ќелии. Кога матицата старее, таа испушта се помалку феромон. Кога пчелите нема да примат доволно од фермонот, тие ќе почнат да градат матични ќелии.
Втор случај кога пчелите не се “спречени” да градат матични ќелии е кога колонијата брзо се развива и нема доволно место, односно станува пренаселена. Ова може да се случи на колонија со матица од било која возраст.

Еднаш кога колонијата ќе произведе матични ќелии, ќе продолжи на еден од трите начини:
ќе се рои, замени или ќе се откаже убивајќи ја ларвата во матичните ќелии или младите матици и ќе продолжи постаро.

Замената на матицата се случува обично во есен, во текот на август. Често новата и старата матица се заедно и  на исто саќе. Во Британија роењето се случува главно во мај и јуни на југот и околу 3 недели подоцна на северот. Старата матица која заминала со првиот рој кој е најголем по број, ќе изгради живеалиште што е можно побрзо, но е можно да не произведе доволно феромон и затоа одреден број на вакви матици се заменуваат на есен истата година. Кога матицата ќе “исчезне”  од колонијата, од некоја причина, тогаш пчелите за кратко ќе почнат да градат матични ќелии односно спасувачки матични ќелии. Тие ги прават со модифицирање на веќе постоечките работнички ќелии кои содржат јајца. Доколку одберат ларва (јајце) помладо од 36 часа, тоа ќе се развие во добра матица. Доколку во брзањето одберат постара ларва, тогаш нема да се развие добра матица.
Еден од составот на феромонот хидроксидканонска киселина hydroxydecenoic acid го одржува ројот заедно. 
Досега споменавме и други феромони кои го одредуваат однесувањето на пчелите. Хептанонотод мандибуларната жлезда на пчелата ги привлекува другите пчели. Друг, најверојатно isoamyl acetate се произведува кога отровот се ослободува во време на боцкање. Тоа е повик за останатите пчели да бозкаат на исто место.“ Дојдете и придружете се” повик предизвикан од мирисот на насоновата жлезда.
Постои мирис кој ја означува патеката по која оделе, како и мирис кој ги озналува трутовите ќелии, бидејќи е покажано дека колонијата е свесна за бројот на трутови ќелии.
Без сомневање постојатуште голем број на феромони кои остануваат да бидат откриени во светот на пчелите.





No comments

Back to content | Back to main menu