Тема 3: Однесување на пчелите – Тhe bees behavior - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 3: Однесување на пчелите – Тhe bees behavior

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 12:41:00 · Download 3.----------------------.m4a
Кога пчелата ќе излезе од ќелијата е со малку посветла боја и со повеќе коса од останатите. На младите пчели им треба доста време да излезат од ќелиите бидејќи останатите пчели не им обрнуваат внимание и им поминуваат врз глава. Кога конечно ќе излезе од ќелијата, ќе се слушне едно “pop”. Тие се нестабилни на нивните нозе и бескорисни за колонијата. Нивните жлезди не функционираат, неможат да боцкаат и единствена можна работа за нив е да чистат. Тие тоа го прават во првите 3 или 4 дена. За ова време нив ги хранат фругите пчели и нивните жлезди полека се кативираат. На крајот од периодот на чистење, нивните тела се потполно зајакнати. Тие обично ќе излезат на краток лет којшто пчелите го викаат лет за играње.
Сега пчелата е спремна да врши било каква работа во колонијата како чистење, хранење на ларвите, градење со восок, процесирање на медот и чуварска служба. Работата внатре продолжува во првите 20 дена од животот на возрасна пчела. Потоа таа станува собирач или летачка пчела и животниот циклус завршува.



No comments

Back to content | Back to main menu