Тема 5-7: Пестициди - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-7: Пестициди

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 15:58:00 · Download 5-8.----------.m4a
Главниот проблем со труењето доаѓа од употребата на зeмјоделски спреови. 

Најголемата штета е од прскањето од авион, исто така времето на прскање е многу важно. Доколку не се прска кога е развиен цветот, тогаш нема да стори штета. Доколку мора да се прска тогаш најдобро е наутро пред 8 или навечер после 20:30
часот.
Воздушното прскање со dimethoate и demeton-methyl е сигурна смрт за излетничките пчели. Доколку постои предупредување за прскање, може да се стори нешто околу заштитата на пчелите. 
Затворањето на пчелите не е добро решение, бидејќи лесно може да дојде до презагревање и смрт. 
Затоа е пожелно да се стави трева на влезот од кошницата. Пчелите обично успеваат да најдат излез низ тревата, но остануваат за зујат наоколу наместо да летаат и собираат полен или нектар. Ова е т.н вештачки создадена природна катастрофа за пчелите и тие ја решаваат без фрустрации и дополнителна топлина.




No comments

Back to content | Back to main menu