Тема 5-9: Мешинасто легло - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-9: Мешинасто легло

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 19/5/2020 11:03:00 · Download 5-10.1----------------.m4a
Тоа е болест на поклопено легло. Не нанесува озбилна штета на колонијата. Името го добила по тоа што ларвите пред да се исушат, личат на меур (мешина) со водлеста содржина. Болеста ја предизвикува многу мал вирус кој не може да се види ни под најголемо зголемување и поминува низ филтрите кои вообичаено не ги пропуштаат бактериите и нивните спори. Како се шири болеста не е познато, а вирусот е неотпорен, односно во сува состојба и во медот може да издржи повеќе од месец дена.

Умреното легло обично е расфрлено во саќето, а понекогаш може да се најде и во група. Заболените ларви умираат во тек на првите 4 дена од затворањето на ќелијата. Поклопците можат да бидат пробушени и вдлабнати. Од некои од ќелиите, пчелите можат и да ги тргнат поклопците. Скоро умрената ларва е многу заразна. Бојата е бледожолта а во понатамошниот период станува потемна во боја, додека на крај не добие затворено темна боја. Ларвата не се лепи за ѕидовите од ќелијата, па пчелите можат да ја исфрлат. Кожата на ларвата не се распаѓа туку останува како вреќичка исполнета повеќе од половина со водлеста содржина. Мртвата ларва може со игла да се извади од ќелијата а да не се распадне. Потполно сувите остатоци можат да тропкаат во ќелијата.

Болеста обично се појавува на почеток на летото и најчесто исчезнува при влијание на добра паша. Нема познат третман. Во многу лоши случаи најдобро е да се замени матицата од друга лоза.




No comments

Back to content | Back to main menu