Тема 1-3: Систем за хранење - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 1-3: Систем за хранење

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 11:31:00 · Download 1-4.------------------.m4a
Храната се разлага со дигестивен процес и тие производи потоа циркулираат со крвта и се користат за производство на енергија и живот. Дигестијата и секрецијата се функции на системот за хранење и неговите придружни жлезди.

Веднаш внатре во устата, каналот се проширува во шуплинакоја има мускули закачени за предниот дел од главата кои можат да ја прошируваат или собираат. Така создаваат всисувачки ефект кој овозможува храната да помине од proboscis во oesophagus. Мускулите во oesophagus овозможуваат брановидни движења кои го спроведуваат нектарот во медниот стомак или  proventriculus, вентил кој не дозволува нектарот да оди понатаму освен доколку не е потребен за храна. Доколку пчелата е собирач на храна, тогаш таа таму го чува собраниот нектар.Во кошницата таа ќе го врати во устата и ќе го предаде на другите пчели.  Proventriculus има 4 усни кои се во постојано движење, пречистувајќи ги тврдите материи од нектарот и на тој начин поленот, прљавштини, па дури и бактерии се отстрануваат од нектарот. Кога пчелата сака да јаде, вентилот е целосно отворен и нектарот поминува во ventriculus каде е подложен на разни ензими кои што го разлагаат на молекули доволно мали да поминат низ ѕидовите во крвта. Пчелата јаде две главни јадења: шеќер и протеини. Остатокот од разложувањето се проследува во мал intestine,  а од таму во ректумот каде што се чува додека пчелата не ја напушти кошницата или го исфрли во лет. Во текот на долгите зимски месеци, ректумот може да се прошири речиси по целата должина на абдоменот. На крајот од ventriculus има мали тенки цевчиња наречени Malpighion tubes кои имаат слична функција на нашите бубрези, односно го отстрануваат nitrogenous waste (производ на разложувањето на протеините) од крвта.



No comments

Back to content | Back to main menu