Пашата во ридско планинските предели завршува до 15ти јули а некогаш и порано. Медот се вади од кошницата од 20-25 јули и потоа се почнува со прихрана на семејствата за зимата. Прихраната треба да се изврши до 25 август и да се направи контрола од 5-15 септември.
Вo планиските предели прихраната треба да се движи од 4-12кг шеќер. За профилактика (замена на медликата) се даваат 4-6 кг шеќер, а за поголемо надополнување на залихите 10-12 кг шеќер.