Тема 5-3: Ноземоза - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-3: Ноземоза

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 15:27:00 · Download 5-4.---------.m4a
Организмот кој ја предизвикува оваа болест “Nosema apis” е протозоа, мал едноклеточен организам. Во еден период од својот живот тој се претвора во спора која е издржлива и способна да живее неколку години. Спорите се превземаат од пчелите кои ги чистат ќелиите за да може матицата да залегнува, во рана пролет. Така пчелата се заразува преку инфицирање на клетките од ѕидот на комора
ventriculus. Потоа спорите поминуваат низ неколку фази на мултипликација. Тешко заразена пчела во нејзината утроба може да има до 100,000 спори кои потоа се ослободуваат со изметот.
Ноземоза не е причинител на дизентерија, но дизентерија е секако добар метод на проширување на ноземоза, ако е присутна.
Ефектот на ноземоза е таков што го скратува животот на пчелата  за 50%. 

Единствениот практичен” симптом во пчеларникот е што заразената колонија не гради саќе во пролет и никаква манипулација нема да ја натера да почне да гради додека не се намали инфекцијата. Колониите со блага зараза” не можат лесно да се разликуваат од незаразените. Ноземата не е директен убиец

Повеќето колонии се опоравуваат од инфекцијата до јуни кога доброто време дозволува изметот да се остави надвор во полето, а старите ќелии се исчистени. Но без сомневање ноземозата предизвикува смрт кај некои колонии. 
Особено вакви исходи се случуваат по неколку последователни сиромашни лета или кога пчелите се погодени од дополнителен проблем како што е дизентеријата.

Доколку се забележи заразата, да се употреби “Fumidil B” во есенскиот сируп. “Fumidil B” е антибиотик кој се употребува за оваа болест. Како дополнителна заштита треба сите пити одземени во било кое време од годината да бидат стерилизирани пред да се дадат на пчелите. 
Сите пити се собираат во празен елемент, се става подот, а на него крпа натопена со оцетна киселина “acetic acid”. Ако има два елементи, тогаш уште една крпа врз рамките на долната. Сите отвори се затвораат. Питите ќе бидат стерилизирани после една недела по средни температури. 
Внимание “Acetic acid” е 80%. Оваа киселина ќе ви ја отстрани кожата од прстите за миг, па затоа треба да се носат пластични (или гумени) ракавици. Исто така го напаѓа металот па дури и бетонот. Затоа третирајте ги надвор. 
Треба убаво да се провери дали нема влез, бидејќи пчелите ќе ја ограбат содржината, без разлика  на испарувањето на киселината. 
После една недела, саќето кое е стерилизирано, потребно е да се проветри. “Acetic acid” на никој начин не влијае врз восокот или медот и поленот и се е перфектно сигурно да се врати на пчелите. 
Формалинот кој исто така може да се користи за стерилизација, ги контаминира залихите, правејќи ги отровни за пчелите. Затоа саќето третирано со формалин треба да е потполно празно, а не само без легло. 




No comments

Back to content | Back to main menu