Високата концентрација на шеќер во медот осигурува негово долготрајно чување. Но пчелите имаат уште една способност – трајно да го заштитат овој производ од расипување. Тие му ја зголемуваат активната киселост, а во кисели средини не можат да се развиваат спорите на гливиците, бактериите итн.
Веќе после 2 дена хранење на пчелите со шеќерен сируп кој има неутрална или маклу алкална реакција (PH7,5), таа се покажува многу кисела (PH 3,9).
Зголемувањето на киселата реакција на медот е многу ефикасно средство за негово конзервирање. Шеќерот во слаб кисел раствор може да остане без промена подолг временски период.
Киселата реакција на медот има значење и во спречување на некои болести кај пчелите.
Според N.P.Smaragdova, при хранење на пчели со сируп (PH 9) и сируп (PH 5-6), се приметило дека кај тие кои биле хранети со закиселен сируп се спречил развојот на спорите на ноземозата во епитaлните станици на средното црево.