Болеста ја предизвикува габа Ascosphaera apis.
Болеста вообичаено го напаѓа затвореното трутово легло, а понекогаш и пчелното. Мртвата ларва малку помалку се смалува, полека се стврднува. Претходно, болната ларва ја прекрива бела мувла која полека излегува од ќелијата преку нејзините ѕидови. Мртвата ларва е кршлива и лесно се претвара во безузлава, зрнеста прашина која личи на гипс.
Оваа болест се појавува во пролет кога е топло и влажно. Повторно се појавува наесен, ако за тоа се поволни условите, а често и наредната пролет.
Заразеното саќе треба да се исече и уништи, а подот да се иструга и иструганиот материјал да се запали со заразеното саќе. Оваа болест не е опасна. Пожелно е да се изврши смена на матицата доколку се најдат повеќе стотини ларви заразени.