Тема 3-4: Матицата и трутот - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 3-4: Матицата и трутот

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 12:50:00 · Download 3-4.------------------.m4a
Матицата се пари во првите 10-20 дена од нејзиниот живот. Кога ќе излезе од матичната ќелија, созрева за неколку дена, но до три недели и до месец дена потоа не е способна за парење. Вo периодот на созревање пчелите стануваат се поагресивни и ја тераат да се пари побрзо.
Трутовите летаат коа времето е добро. Тие се собираат на купче на висина од
9-27 метри (30-90 feet)
Матицата на својот свадбен лет лета до местото каде се собрани трутовите и ги привлекува со мирисот на една супстанца хексаделеноева киселина (9 oxydecenoic acid) која се продуцира во нејзините мандибуларни жлезди. Трутовите формитаат линија позади неа бркајќи ја. Првиот трут кој ќе ја стаса е стимулиран од друг мирис со непознат состав, продуциран од матицата, за да се пари со неа. Гениталиите на трутот влегуваат во матицатаи буквално експлодираат, одвојувајќи се од трутот кој умира. Гениталијата останува во вагиналниот отвор на матицата со откинатиот крај кој виси надвор. 
Матицата се пари со приближно 5-15 трутови на еден, два или три различни летови. Таа се пари додека не ја наполни спермотеката.

Потоа матицата почнува со залегнување на јајца за неколку дена. Пчелите сега формираат прстен околу матицата. Прстенот не го сочинуваат исти пчели долго време, туку се менуваат. Додека пчелите се во прстенот, тие ја лижат матицата, ја листат, ја хранат главно со пчелно млеко. Со лижењето тие превземаат важни супстанци – феромони – за контрола на однесувањето во колонијата.




No comments

Back to content | Back to main menu