Тема 1-2: Систем за циркулација - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 1-2: Систем за циркулација

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 11:29:00 · Download 1-3.----------------------.m4a
Бидејќи крвта не е вклучена во транспортот на кислородот, таа не содржи црвен пигмент – хемоголобин, има “pale straw” кремаста боја или е безбојна. Таа содржи клетки кои се вклучениво процесите на уништување на бактериите, зараснување на рани и одведување на некои отровни материи кои се производ на метаболизмот надвор од системот за циркулација. Крвта пренесува материи кои се резултат на варењето на храната низ телото до ткивата и органите и ги пренесува отпадните материи до органите за секреција. Крвта не е во “цевчиња” како кај човекот, туку го исполнува просторот во телото, “бањајќи” ги органите.  Циркулацијата е потпомогната од срцето кое не е налик на човечкото. Тоа се наоѓа во горниот дел од абдоменот. Има пет парови на вентили кои овозможуваат крвта да влезе кога ќе се отворени и се протегаат низ градниот кош како тесни цевки до позади мозокот. Така крвта се пренесува до главата.



No comments

Back to content | Back to main menu