Тема 5-12: Вароза - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-12: Вароза

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 19/5/2020 11:16:00 · Download 5-10.4-------.m4a
Варозата е паразитно заболување на целата колонија, односно на трутовото и пчелното легло и на возрасните единки пчели, трутови и матица. Болеста е предизвикана од крлежите од родот Varroa (V. Jacobsoni, Oudemons 1904 и V.Destructor, Anderson и Trueman 2000)

Возрасната женка е долга 1-1,5мм и широка 1,5-1,8 мм и може да се види со голо око. Таа е поголема од мажјакот. Крлежот е многу подвижен. Женките кои се оплодени влегуваат во леглото пред неговото затворање. Тие преферираат полаање на јајца во трутовото легло заради помалата температура , поголемата количина на храна заради подолгиот период на развој на трутот и заради поголемите можности за ширење, бидејќи трутот без проблем може да влегува од една кошница во друга. Развојот и полната зрелост достигнува за 8-9 дена кај женките и 6-7 дена кај мажјаците. Оплодувањето се извршува во затворено легло каде женката полага 9-38 јајца, но сите не се развиваат. Сите развојни облици на паразитот се ранат со хемолимфа од ларвите. Вароата најчесто се сместува на прелазот меѓу абдоминалните сегменти, бидејќи тука најлесно ја пробива хемиската мембрана и доаѓа до хемолимфата. Варозата се храни со хемолимфа и така ја исцрпува пчелата, а стално отворените ранички овозможуваат продор на бактерии и вируси во пчелата. 

Во лето вароата живее 2-3 месеци, а во зима 6-8 месеци. Во лабораториски услови без храна можат да преживеат до 10 дена. Распоредот на варозата во колонијата зависи од сезоната. Во зима тие се наоѓаат на возрасните пчели, во пролет почнуваат да влегуваат во леглото, а во лето 80-90% од крлежите се наоѓаат во леглото. Мажјакот после спарувањето во поклопените ќелии умира и затоа не може да се види на возрасните пчели.

Знаците на заразеноста се забележуваат и на леглото и на возрасните пчели. Леглото е прошарано” бидејќи мртвите кукли се исфрлени. Кај пчелите главно се оштетени крилата кои се неправилно развиени или деформирани. Заразените колонии се вознемирени, трутовите се неспособни за оплодување а исцрпените пчели паѓаат на земја пред кошницата и умираат. Варозата брзо ја напушта мртвата пчела и преминува на друга.

После прекинот на трутовското легло во август, варозата поминува во пчелното, каде ги оштетува ларвите. Животниот век на пчелите се скратува. Бројот на паразитите во кошницата се движи од неколку стотини до неколку илјади.

Пчелните заедници со висок степен на заразеност, често во ноември или декември можат да ја напуштат кошницата.

Во почетокот болеста поминува лесно и неприметно и не се одразува на продуктивноста на пчелните заедници. Првите клинички симптоми се воочуваат после 2-3 години.

Во есен степенот на заразеност на заедницата постепено расте, од една страна заради зголемената репродукција на варозата, а од друга страна поради намалениот број на пчели. 




No comments

Back to content | Back to main menu