how to create a web page for free

За здравје во ред, јадете мед!

Кампања за подигнување на свеста од
штетноста на рафинираниот шеќер.

Зошто рафинираниот шеќер е најлошата работа за тебе? Сериозно, најлошата! 

Предизвикува зависност, ужасно го ослабнува организмот, за жал многу e разорен и застрашувачки многу e вкусен.

Ако треба да посочам еден виновник кој предзивикува дебелеење и сериозно го разорува здравјето, тогаш тоа би бил шеќерот.
Но, без страв, имаме перфектно решение!

Јадете мед за да живеете подолго.  
Точка.

ОК, се зезаме, има многу повеќе во оваа приказна од тоа.
Сигурни сме дека имате многу прашања во врска со шеќерот, како на пример:

  • Дали шеќерот навистина е ТОЛКУ штетен?
  • Овошјето има шеќер! Дали и овошјето е штетно?
  • Медот има шеќер! Дали медот е штетен?
  • Кои шеќери се добри или лоши?
  • Дали стварно можам да се навлечам на шеќер?
  •  Што е со алтернативите на шеќерот кои се користат во пијалоците како DietCoke?
Тогаш ајде да бидеме БУБАЛИЦИ и да разбереме што можете да сторите за да ja исфрлите навиката за конзумирање на шеќер и да си го вратите животот назад на вистинскиот колосек.
Поштено предупредување: Оваа страница ќе биде МАСИВНА (повеќе од 4,000 зборови), тешка дури и за "Бубалички фитнес стандарди":
Затоа посетувајте ја страницава почесто и читајте што Ви спремивме за "Љубовната афера" на човекот со шеќерот! 

МАЛКУ СТАТИСТИКА

Пред да започнеме со "билогија и физика" околу конзумирањето на шеќерот и тоа како тој влијае на вашето тело, сакаме да ви претставиме колку голем фактор е шеќерот во нашиот живот.
Бидејќи во Македонија доесга никој сериозно не се нафатил да прави статистика за употребата на шеќерот во секојдневниот живот, се повикавме на Американски статистики, кои мислиме дека не се далеку и од нашите навики, со таа разлика што кај нас во времето пред 1945 сигурно уште помало било користењето на шеќерот, луѓето едноставно немале пари да го купат!
1822: Американците конзумирале 45 грама на секои пет дена, или толку колку што има шеќер во една лименка на Кока-Кола.

2012: Американците конзумирале 756 грама на секои пет дена.

Како што се развивало човештвото, така и шеќерот станувал се поприсутен во многу намирници. Денес не е веќе присутен само во колачите или бомбоните, туку сега го има речиси во СЕ ШТО ЈАДЕМЕ! За жал сега не е само шеќерот тој што не убива, туку и "научно произведениот" шеќер исто така.

Затоа, ајде да почнеме да копаме малку подлабоко во науката и да откриеме зошто шеќерот го уништува нашето тело.

Што е шеќер?

Шеќерот е ЈАГЛЕХИДРАТ  Постојат различни типови на шеќер, почнувајќи од простите шеќери (наречени моносахариди) како гликоза, фруктоза и галактоза. Потоа, постојат многу посложени форми (наречени дисахариди) како сахароза, малтоза и лактоза.
Па да ги објасниме:
  • ГЛИКОЗА. Ја има во природата во растенијата и овошките и е нуспроизвод на фотосинтезата. Во нашето тело, гликозата може да биде согорена како енергија или конвертирана во гликоген (многу пожелно за црниот дроб и мускулите бидејќи им е гориво за работа). Нашето тело може да произведе гликоза кога има потреба од неа.
  • ФРУКТОЗА. Ова е овошен шеќер, кој го има природно ... погаѓате... во овошките! Може да се појави природно во медот и е многу сладок.
  • САХАРОЗА: Овој шеќер се наоѓа во шеќерната репка, шеќерната трска и може да ја има заедно со гликозата во одредени овошки и растенија.
  • ЛАКТОЗА. Тоа е всушност млечен шеќер. Тој се создава како резултат на одредени процеси кои се одвиваат во нашето тело: децата поседуваат ензим потребен за да ја разложат молекулата на лактоза за да може да се користи во телото, а веќе некои возрасни го немаат тој ензим и се нарекуваат "луѓе нетолернатни на лактоза".
ОК, објаснивме неколку клучни типови на шеќери. Но од каде всушност доаѓа шеќерот? 
Обично тој е резултат на процесуирањето на една од двете растенија: шеќерна репка или шеќерна трска. Тие растенија се берат, се процесираат, рафинираат до состојба кога ќе се добие бел шеќер кој сите го знаеме и го сакаме. ТОЈ ШЕЌЕР НЕМА АПСОЛУТНО НИКАКВА НУТРИЦИОНИСТИЧКА ВРЕДНОСТ: САМО Е ЧИСТ, БЕЛ РАФИНИРАН ШЕЌЕР.
Останатите типови на 'лабораториски" добиени шеќери ќе ги објасниме малку подоцна...

Што се случува во нашето тело кога јадеме шеќер

Секако, не сме ни први ни последни кои ќе Ви кажат дека шеќерот ги расипува забите
Кога јадеме шеќер, нашето тело има ДВЕ ОПЦИИ за да го процесира:
  •     Да го согори во енергија - ЈЕААААА
  •     Да го претвори во масти и да го сочува во масни келии - БУУУУУ
Во зависност од Вашите генетски предиспозиции, Вашето тело можно е да е добро опремено за да го процесира шеќерот како енергија, или пак повеќето ќе го спреми како маснотија. На ова гледајте од аспект дека постојат луѓе со брз метаболизам и луѓе со спор метаболизам.
Проблемот е дека постои МНОГУ ПОВЕЌЕ простор за складирање на маснотии, а МНОГУ ПОМАЛКУ простор за согорување на шеќерот во енергија.
ОК, конзумираме шеќер и тој е присутен во нашето тело и крвоток. Што се случува потоа? Кога Вашиот панкреас ќе детектира дека доаѓа шеќерот, ослободува хормон наречен ИНСУЛИН за да се справи со вишокот на шеќер.

Инсулинот помага во регулацијата на нивото на шеќер во нашата крв.; колку повеќе шеќер во крвта, толку повеќе инсулин е потребно да се смести шеќерот во црниот дроб и мускулите како гликоген, а остатокот во масните ќелии.
Многу често, нашето тело се бори да го направи тој баланс правилно (особено кога јадеме многу шеќер одеднаш). МНОГУ ИНСУЛИН се ослободува, кој на крај ќе доведе до опаѓање на нивото на шеќер во крвта под нормалната граница.
Тоа се нарекува ХИПОГЛИКЕМИЈА. Нашето тело реагира на тој начин што ни праќа порака кажувајќи ни: САКАМ УШТЕ ШЕЌЕР.
Така, пак јадеме "шеќер" и повторно процесот почнува одново... 
За жал, колку почесто овој процес се повторува (колку повеќе шеќер јадеме) толку е поголем скокот на шеќерот во крвта и повеќе инсулин е потребен. Тоа значи дека на организмот му е многу полесно да го избегне користењето на шеќерот како енергија за мускулите туку да го складира право во масни келии. 
Покрај тоa што шеќерот ве дебелее, тој е виновен во зголемување на шансите за хронична прекумерна тежина, диабетес, кардиоваскуларни болести, деменција, макуларна дегенерација, ренална инсуфициенција, хронична бубрежна болест и висок крвен притисок.

ПОДДРЖУВАЧИ НА КАМПАЊАТА

Серизони луѓе на кои ГЛАСОТ ИМ СЕ СЛУША!

Почитувани, ние сме семејна пчеларска компанија која реши да придонесе во зачувување на природата и пчелите воопшто. Вие како влијателна личност во нашето општество сметаме дека ја делите љубовта кон пчелите, природата и здравиот начин на живот. Немаме средства за скапи кампањи за да ја промовираме здравата алтернатива на шеќерот за младите да можат да ја следат. Затоа Ве повикуваме да се вклучите во кампањата “За здравје во ред, јадете мед”.
Оваа порака им ја пративме на неколку влијателни личности во Македонија со надеж дека ќе одговорат и ќе ја поддржат кампањава. Многу брзо добивме безрезервна поддршка од овие луѓе кои Ви ги претставуваме подолу. Тоа се ГОЛЕМИ ЛУЃЕ, кои искрено ја поддржуваат оваа кампања. Без луѓе како нив, кои со гордост ги наведуваме овде, оваа камапња ќе нема ниту енергија ниту пак ќе има некаков ефект. Но, со нив, работите се менуваат, сега сме кампања со сериозни поддржувачи! ВИ БЛАГОДАРИМЕ!  
Овие страници се отворени за сите добри луѓе кои ја делат нашата кауза и сакаат да придонесат за менување на штетните навики и созадавње нација на здрави млади луѓе. Пратете ни мисла, добар збор, фотографија, а ние тоа ќе го објавиме овде.

Mobirise

НАУМ ПЕТРЕСКИ

Ги сакам вистина и пчелите и природата, а и здравата исхрана, така да планирам и јас во иднина да поставам некоја кошничка...

Mobirise

КРИСТИНА ПЕТРОВСКИ АРНАУДОВА

Ние сме големи потрошувачи на мед.

Mobirise

ВИКТОР ПЕТРОВ ВИКСА

За здравје во ред, јадете мед! 

Mobirise

САШО МАЦАНОВСКИ ТРЕНДО

Добра кауза е тоа!

Mobirise

НИКОЛА РИСТАНОВСКИ

Со големи симпатии гледам на Вашата акција.