уживање - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Подгответе неверојатна луксузна купка во секое време




Доколку не можете да посетите спа, потребно за Ваше опуштање, тогаш претворете ја Вашата бања во лично спа. Опкружете се со миризливи свеќи,  пуштете музика, или земете книга или пак само опуштете се во мирна атмосфера. Истражувањата покажале дека топла купка  1 час пред спиење, ќе Ви помогне полесно да заспиете.

Чувствувајте се како Клеопатра

Тајната на прекрасната кожа на Клеопатра била во купката со мед и млеко. Денешните лаборатории го имаат одговорот зошто оваа купка имала чудесно влијание врз  нејзината кожа: млечната киселина во млекото е алфа хидрокси киселина, природен материјал кој го раствора “лепакоткој ги држи мртвите клетки на кожата заедно, a медот пак делува омекнувачки и ја хидрира кожата.





Оваа тајна формула не може да биде поедноставна

Земете 5 HONEYSTICK (60гр природен мед) измешајте го во 0,5л полномасно млеко и додадете неколку сушени листови лаванда или капки од миризливо масло, за прекрасен релаксирачки мирис. 
Ставете во Вашата купка и уживајте. Почекајте 20 мин убаво да се впие во кожата. Потоа нежно истријте ја кожата со луфа за да ја отстраните мртвата кожа. Исплакнете го темелно Вашето тело.

Поминувањето време во топла купка е одличен начин Вашата кожа да се хидрира и да ги впие во себе прекрасните мирисливи масла кои смируваат, ја хранат кожата, давајќи и еластичност и регенерација, помага против стареењето и општото здравје на кожата.





Back to content | Back to main menu