протеин - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Зошто медот е најдобро енергетско гориво за спортисти?


Marija DiBiaggio NewYork  (marathon runner)

Медот содржи се во себе -  тој е природен вегетаријански производ кој е одличен извор на енергија за спортување и има придобивки за здравјето.
Идеален за трчање, медот содржи природи нерафинирани шеќери кои телото лесно ги абсорбира. Овие  јагленохидрати се одличен извор на енергија, всушност медот бил користен во античко време за време на Олимписките Игри.

Медот содржи 80% природни шеќери, 18% вода, минерали, витамини, полен и 2% протеини. Студии од Универзитетот во Мемфис, од лабораторијата за вежби и исхрана, потврдуваат дека медот е еден од најефикасните јагленохидрати што треба да се внесат пред вежбање. Понатамошни студии откриле дека медот функционира исто како спортски гел. 

Медот и комерцијалните енергетски пијалоци и гелови содржат речиси исто ниво на јагленохидрати. Но енергетските пијалоци и гелови имаат вештачки конзерванси, бои и засладувачи, а ги немаат минералите и витамините кои се основни состојки на медот.
Медот е ефикасен извор на енергија при спортување на долги стази, како маратон, всушност за медот да дојде од уста до мускули , потребни се 15 минути исто колку и на јаглехидратните гелови. За постојано одржување на нивото на гликоген, на тркачите им треба 30-60г јаглехидрати /на  час. Еден Honeystick содржи 10г јагленохидрати, значи 3-6
Honeystick се потребни за да се одржи нивото на гликоген.




Back to content | Back to main menu