среќа; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Науката вели возењето велосипед Ве прави посреќни


Секојдневното возење велосипед ја подобрува не само физичката кондиција - исто така помага и на менталното здравје!
Доброто расположение на вашето работно место понеделнички, додека сите други се чувствуваат мрзоволно,  според најновите истражувања би можело да е поврзано со возењето велосипед до работа.
 
Истражувачите од Државниот универзитет во Пенсилванија во студијата утврдиле дека физички активните луѓе се чувствуваат оптимистички и ентузијастички, во споредба со помалку физички активните луѓе.

Велосипедизмот комбинира физички вежби на отворено и истражува нови ставови и погледи. Можете да се провозите сами - да си дадете време за анализа на проблемите, или можете да бидете со група која го проширува вашиот социјален круг.
Има толку многу начини на кои возењето велосипед може да го подигне расположенито: со ослободување на адреналин и ендорфин, до зголемена самодоверба што произлегува од постигнување на нови цели (како што е завршување на спортски или приближување кон таа цел).
 
Интересно, студија објавена во весник за бизнис и психологија на Спрингер, покажува дека шефовите кои немаат време за вежбање се понервозни кон нивните вработени, во споредба со шефовите кои имаат време за физичка активност. 
 
Причините зошто вежбањето нѐ прави да се чувствуваме среќно сеуште се нејасни, но јасно е дека секојдневните вежби можат да го подобрат нашето расположение, и нашето физичко здравје.

Без разлика дали сакате да бидете во форма, па дури и од социјални причини, возењето велосипед е одличен начин да го задржите умот и телото среќни. Велосипедизмот е одличен спорт поради многу причини. Имајќи на ум дека дополнително зголемување на позитивноста е важно за вашата севкупна среќа. Психолошките и менталните придобивки од редовно возење велосипед, се нешто што навистина помага да се одржи добро расположение во нашиот секојдневен живот.
 
Медот исто како и комерцијалните енергетски пијалаци и гелови нуди многу слични количини на јаглени хидрати. Но за разлика од него, енергетските пијалоци и гелови  можат да содржат вештачки конзерванси, бои и засладувачи, и не ги содржат витамините и минералите кои се во медот.
 
За брзо надополнување на енергијата понесете со Вас енергетски напиток од мед
Потребни состојки:
• 0.3 dl свежо исцеден сок од лимун
• ¼ лажичка сол
• 9 dl вода
 
Подготовка
Измешајте го медот и лимунот, а потоа додадете ја водата и солта.
 
Хранлива вредност / 1 dl:
енергија 23 kcal; јаглехидрати 6,5 g; натриум 27 mg; калиум 32 mg



6 Придобивки за Вашето тело со само половина час трчање

Медот е совршено гориво за трчање бидејќи содржи природени шеќери, кои телото ефикасно ги апсорбира.
Back to content | Back to main menu