совет - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

5 Совети за планинарење без болка во нозете


Многу луѓе чувствуваат болка и замор на стапалата, а тоа може да биде особено тешко ако треба утре повторно да пешачат. При брзо темпо, стапалото доаѓа во контакт со земјата 80 до 100 пати во минута во просек.
Овие совети ќе ви помогнат за здрави и одморни нозе, додека планинарите.
 
1. Истегнување
Еден од најдобрите начини како да ги подготвите нозете за пешачење е да ги истегнете вашите мускули. Можете да направите двоминутно истегнување почнувајќи од врвот на ножните прсти до бутовите.
 
2. Носете лесен ранец
Ова е најочигледен предлог, но исто така и најважен. Секој чекор што го правите испраќа мал удар низ нозете што се зголемува со тежината на вашиот ранец и целата ваша опрема. Во текот на долгото пешачење со ранци, ова може да доведе до голема болка во нозете и повреди како: плускавци, болки во потколениците, воспалување на петата. Намалување на тежината на опремата значи помал притисок врз нозете и помалку болка во нозете.
 
3. Исушете сè
Кога ќе паузирате, собујте ги кондурите и чорапите за да ги оставите нозете да се исушат. Прострете ги чорапите на сонце и отстранете ги влошките од кондурите, за секоја акумулирана пот да испари. При пакување не заборавајте лесни сандали за да носите додека вашите чизми се сушат. Клучот за спречување на пликови е да се елиминира триењето. Ако почувствувате жешка точка кај стапалата, треба да застанете веднаш, да ја испитате и да нанесете фластер за да не се претвори во плик подоцна. Некои планинари, исто така, претпочитаат да носат два слоја чорапи, долни тенки чорапи кои може да се волнени,синтетички кои ја апсорбираат влагата и може често да се менуваат и подебели надворешни чорапи. Вака постои триење помеѓу чорапите, а не помеѓу кожата и чорапот.
 
4. Подигнете ги нозете
Многу луѓе препорачуваат да ги подигнете уморните нозе за да го спречите отокот, а тоа исто така помага за побрзо заздравување на мускулите. Обидете се да ги подигнете нозете под агол од 30 степени од вашата глава. Можете да ги поткренете на перници ноќе додека спиете или читате.
 
5. Масажа на нозете
Најдобар начин за ублажување на болката во нозете е со масажа! Постои една техника која можете да ја пробате - земете мала топка или некој тврд кружен објект и движете го со стапало , ножните прсти се до вашите глуждови. На овој начин се опуштаат затегнатите мускулите.
 
Добри вести: Колку повеќе ќе пешачите, толку помалку болно ќе се чувствувате следниот ден. Вашето тело станува ефикасно и е во форма.
 




Back to content | Back to main menu