празници; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Медени колачиња за Дедо Мраз

Published by in 06. Cooking Ideas · 26/12/2018 11:09:00
Tags: мед;НоваГодина;празници;колачи


Новогодишните празници се време за забава со семејството.  Овие медени колачи може да ги правите заедно со Вашите најмили. Медот дава одредена текстура и арома,
што прави колачињата да се топат во уста.

Состојки:
1 чаша несолен путер на собна температура
14 Honeysticks или 1/2 чаша мед
1 големо јајце
1 лажичка екстракт од ванила
2 1/2 чаши брашно
1/2 лажичка сол

Подготовка:
Во сад за мешање добро измешајте ги путерот и медот.
Се додава јајцето и ванилата.
Потоа се додава брашното и солта и се прави тесто.
Оставете го во фрижидер триесет минути.
Загрејте ја рерната на 160 C. 
Направете кора со дебелина 5mm.
Исечете ја кората во облици со форми за колачиња.
Ставете ги на хартија за печење.
Печете 13 минути или додека рабовите на колачињата не добијат кафеава боја.
Уживајте





Три причини да подарите мед

Back to content | Back to main menu