ореви - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Медена баклава

Published by in 06. Cooking Ideas · 24/12/2018 12:30:00
Tags: медбаклаваоревилешницирецептшербет

Приказната за баклава започнала одамна, во 8-от век п.н.е кога Асирците правеле бесквасен леб со сечкани ореви меѓу нив, го потопувале во мед и потоа го печеле во примитивни печки.

Се смета дека сегашната форма на баклава низ светот била усовршена во кујните на Топкапи палатата во денешен ден Истанбул (тогаш Константинопол) околу XV век.

Состојки:
450гр. суви ф'стаци, ореви, бадеми или лешници (или мешавина, како 225 гр ф'стаци и 225 гр)
 2 лажички мелен цимет,
 2 лажици мелен кардамон,
 3 Honeysticks или 1/4 чаша мед 
1 пакет кори 
1 шоља масло или стопен путер
 
Шербет: 
42 Honeysticks или 1 1/2 чаша мед 
3/4 чаша вода 
2 лажички сок од лимон 
Кора од лимон 
цимет стапче 
2 лажици ружина вода
 
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени.
 
Прво, исецкајте ги јаткастите плодови и измешајте ги со медот, циметот и кардамонот.
 
Потоа, подгответе ги корите. Нежно одмотајте ги корите, внимавајќи да не ги скинете.
Со четка за печиво, премачкајте ја тепсијата. Потоа внимателно земете ја првата кора и ставете ја во садот. Посипајте со маслото или путерот и ставете уште една кора која исто така ја премачкувате со масло. Се повторува додека не се стават 10 кори.

Се става 1/2 од мешавината на јаткастите плодови по целата кора.
 
Се покрива со кора која повторно се премачкува со масло. Постапката се повторува со 5 кори. 
Се додаваат преостанатите јаткасти плодови и се ставаат уште 10 кори кои се премачкуваат со масло.
 
Со нож се сечат парчињата и се пече во рерната 35-45 минути, додека корите не добијат златна боја.
 
Во меѓувреме, направете го шербетот. Комбинирајте ги сите состојки освен ружината вода, во тенџере и варете 10 минути, често мешајќи. 
Се трга од рингла и се додава ружината вода. Оставете да се излади најмалку 10 минути, а потоа промешајте.
 
Кога баклавата ќе се испече, нека се излади најмалку 30 минути. Кога шербетот и баклавата ќе се оладат, полејте го шербетот врз баклавата. Ставете ја во фрижидер еден час пред сервирањето.
Уживајте



Медени колачи со јаболка, ореви и суво грозје

Руска медена торта

“Медовик” е најпозната медена торта во Русија.
Back to content | Back to main menu