7 Начини да Останете во Форма за Време на Празниците и Прославите - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

7 Начини да Останете во Форма за Време на Празниците и Прославите

Published by in 05. Lifestyle · 9/12/2015 11:27:00
Tags: fitseasoncelebrationhealthydancingbraincelebretieshormone


Празниците се типично време каде што се нема време за вежбање и сте исфрлени од Вашата вообичаена рутина, што доведува до губење на мускулите, зголемување на телесната тежина, и појава на силна желба да се вратите на вистинскиот пат веднаш  штом јануари ќе помине. И со многуте семејни обврски, патувања, и вкусна храна, не е изненадување ако се добиете некое кило плус.

Добра вест: Вие не се предодредени да добиете вишок килограми. Всушност, со правилна
програма и соодветно раздвижување, можете да се одржи вашето фитнес ниво, истовремено уживајќи во времето со семејството. Многу истражувања велат дека мали дози на редовно вежбање (од 10 до 20 минути) може да резултираат со привремено подобрување на расположението или намалување анксиозност. 
Ова се само неколку совети кои ќе Ви помогнат да останете на вистинскиот пат за време на празниците и прославите. Ако не успеете, не се грижетеИмајте план за следниот голем настан,и не ја правете истата грешка повторно. Со конзистентност се доаѓа до промена.

1. КОЛКУ ДА  СЕ ЈАДЕ
Кога конзумирате здрава храна, не мора да се грижите многу за калориите. Истражувачите на контрола врз апетитот, откриле дека мозокот може да следи колку јадете врз основа на тежината на храната. Едно истражување открило дека луѓето автоматски ќе престанат да јадат кога тие консумираат одредена тежина на храна, без оглед на количината на масти или калории. Сепакпотребно е да се превземат одредени мерки против прејадување или потхранетост, кои можат да го забават вашиот метаболизам. Со помошна Вашата рака може да измерите колкава количина храна Ви е доволна. 85гр. посно месо (вашиот основен извор на протеиние колку големина на вашата дланка. Шоља јаглехидрати - скроб, како на пример компири или ориз, е колку големина на вашата тупаница, а порција на овошје е едно цело парче или една шоља. Лажица здрави масти од масла како маслиново или кокосово одговара приближно со големината на Вашиот палец, додека една порција на ореви или семиња е грст рака.
 

2. ЈАДЕТЕ ПОЛЕКА
Јадете без брзање и уживајте во вкусовите. Обидете се да ја џвакате храната барем 30-40 пати на залак. На мозокот му се потребни 20 минути, за да знае дека сте сити, што значи со бавното јадење ќе внесете помалку калории пред чувството на ситост , од некој кој брзо го конзумира својот оброк. Така, наместо да се обидува да бидете први,  обидете се последни да завршите со оброкот.

3. БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО ВАШАТА ИСХРАНА
Кога мозочните хемикалии сигнализираат "задоволство", научниците откриле дека сме помалку задоволни ако јадеме повеќе храна. Затоа, наместо да  се чувствувате дека треба да го изедете цел десерт или празничен оброк,  земете залак-два  и ќе бидете 90% повеќе задоволни со 1/10 од калориите. Нутриционистите на познатите личности препорачуваат конзумирање на зеленчук и овошје богати со вода како целер, зелена салата, краставици, лубеници, грозје, портокали за да избегнете подуеност.

4. ХИДРАТАЦИЈА 
Чувството на глад често се меша со дехидратација, па не заборавајте да се напиете 250 ml вода, 20-30 минути пред секој оброк за да се избегне прејадување. Исто така конзумирањето вода ќе Ви помогне за поефикасно согорување на мастите.

5. ВЕЖБАЊЕ ДОМА
Вежбањето го зголемува нивото на серотонин, хормонот кој прави да се чувствувате добро, истовремено ги намалува бројот на Вашите отчукувањата на срцето, крвниот притисок и стрес хормонот.Тренерот на познатите Ramona  Braganza од Los Angeles, којa помогна во обликување на прекрасните тела на ѕвезди како Jessica Alba, Halle Berry и Anne Hathaway, предлага неколку вежби кои ќе го подобрат вашиот метаболизам и наредниот ден. Еден мал тренинг = огромна добивка.

6. ТАНЦУВАЊЕ 
За повеќе забава, засилете го тонот на некои од вашите омилени песни и танцувајте. Со играњето на Вашите две омилени песни и други три кои одамна не сте ги слушнале  веќе имате 20 минути тренинг, додека јадењето се подготвува. Со танцување можат да согорите 200 калории за само 30 минути.
 
7. ПРОШЕТКА 
Ако сте премногу мрзливи да ги направите Вашите вежби, пешачете околу 20 - 30 минути дневно. Прошетката може да биде во раните утрински часови или навечер пред легнување. За да биде пешачењето позабавно, можете да ги повикате Вашите пријатели или семејството. Само со дваесет минути брзо одење се согоруваат околу 100-150 калории. Доколку времето не е погодно за прошетка, направете неколку круга во Вашиот локален трговски центар. Просечниот човек, при еден час брзо пешачење може да согори од 300 до 400 калории.
 
 
Ви посакуваме среќа за празниците. Запомнете: Ќе се чувствувате подобро при било каква вежба, во споредба со оние кои не се активни. Без разлика дали се работи за пешачење, пливање, трчање, или велосипед, излезете надвор и забавувајте се!





No comments

Back to content | Back to main menu