сусам; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Кео Mè xửng Виетнамски енергетски десерт со мед

Овој десерт Виетнамците го конзумираат со чај. 
Кикириките се извор на протеини и влакна. Сусамот е извор на здрави масти, протеини, витамин Б, минерали, влакна и антиоксиданти. Овој високо енергетски десерт ќе ви даде екстра енергија потребна за Вашите дневни активности.

Рецепт:
  • Сусам 200 гр
  • 1 лимон
  • 2 лажици скроб
  • Кикирики 500 гр
  • 5 Honeysticks
  • Шеќер 400 гр
  • 1 чаша вода

Подготовка
Сусамот испечете го на сува тава со постојано мешање. Кикириките може да ги испечете во истата тава. Најдобро е да користите кикирики без  лушпа. 
Вo друг сад ставете ги на оган шеќерот и водата, и нека се соединат убаво. Додадете го лимонот, а потоа и кикириките. Скробот измешајте го со 4-5 лажици вода и додадете го во смесата. Нека се вари 8-10 мин. На крај додадете го медот и почекајте 10 мин да се олади смесата.

Премачкајте една правоаголна тепсија со малку масло и покријте го дното со половина од сусамот. Истурете ја смесата со кикирики подеднакво по цела површина на тепсијата. Оставете да се олади 15 мин. И потоа додадете го останатиот дел од сусамот. Кога ќе се олади смесата може да ја исечете на ленти, кои ги замотувате во проѕирна фолија и ги ставате во фрижидер.

Вака оладен, овој десерт може да се чува на собна температура до 2 недели.
 
Повеќе инфо за овој рецепт може да најдете овде





Ракчиња во мед и сусам

Вкусно 15 мин јадење од Сингапур
Back to content | Back to main menu