Дињата содржи витамин Ц и бакар, кои помагаат за поголемо производство на колаген и го обновуваат оштетените ткива, со што имаме поздрава кожа. Бидејќи содржи многу вода и калиум, дињата е ефикасна во одржување на крвниот притисок.
Медот е преполн со антиоксиданси кои можат да го спречат оштетувањето на клетките и помага за подобрување на вашата меморија. Исто така, медот содржи хранливи материи како што се протеини, вода, енергија, влакна, шеќери и разни витамини и минерали. Минералите содржани во медот се железо, натриум, калиум, фосфор, цинк и калциум. Медот е добар извор на витамини, како фолната киселина, витамин Ц, витамин Б2, Б3 и Б6.
Ф'стаците пак им помагаат срцето, очите, и имунолошкиот систем на останат здрави.
Оваа сезонска салата е супер-лесна и брзо се подготвува.
Состојки за салатата:
- ½ диња сецкана на коцки
- Микс од зелени салати како рукола, цикорија, ендивија или радич
- ¼ шоља ф’стаци
Состојки за преливот:
- ¼ шоља сок од зелен лимон
- 1 HONEYSTICK
- 2 лажици маслиново масло
- Малку морска сол
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги сокот од зелениот лимон, маслиновот масло , медот и солта. Миксот од зелените салати ставете ги во голем сад. Парчињата диња поставете ги врз салатата. Додадете ги фстаците.
На крај додадете го преливот и уживајте!