глукоза; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Да се биде во близина на вода е добро за вашиот мозок


Водата има силно влијание врз мозокот и може да помогне во промена Вашето ментално расположение, среќа и благосостојба.
Значи, што точно се случува во нашиот мозок кога сме опкружени со вода? Гледајќи во водата и слушајќи го нејзиниот звук, нашите преоптоварени умови се во релаксирана и хипнотичка состојба, а тоа е поинаков начин на кој нашиот мозок ги процесира мислите, што води до повеќе смирени и креативни моменти и ја зголемува нашата благосостојба.
Да се биде во близина на вода е добро за вашиот мозок, вели една студија спроведена од истражувачи кои работат со Европскиот центар за животна средина и здравје. Студијата всушност била надградба на постар тест, кој ги мери нивоата на стрес кај луѓето додека биле изложени на "зелени површини" - пејзажи полни со растителен живот, во основа. Но, во овој нов експеримент, истражувачите додале"сини простори" - вода. Резултатот бил јасен: дали е океан, река, или дури само фонтана, луѓето се чувствуваа подобро кога гледаат во вода. И колку подолго гледале, толку подобро се почувствувале.

Не само што близината на водата, го зголемува вашето чувство за благосостојба, туку пливање во море или езеро, во голема мера го зајакнува вашето тело. Различните температури даваат придобивки од двете страни - природниот студ може да обезбеди смирувачки третман за вашите нерви и да го освежи телото и ментално и физички, додека потоплите води во текот на летото можат да помогнат во релаксирање на мускулите и тензиите.

Значи, ако барате да ја исчистите главата, барајте сини простори –било да се работи за море, езеро или само да седите во близина на вашата локална фонтана.

Медот е природен релаксатор за вашите нерви. Медот се состои од шеќери како фруктоза и глукоза, кои брзо се апсорбираат во крвта. Неговата важност лежи во фактот дека глукозата е од суштинско значење за невроните. Тоа е причината зошто се сугерира да јадете мед ако сте нервозни или чуствувате физички или психолошки замор.




10 причини да го оставите шеќерот

Back to content | Back to main menu