award; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Macedonian Honey е национален добитник на престижната Energy Globe Award

Published by Macedonian Honey in 11. Environment · 18/11/2022 08:01:00
Tags: EnergyGlobeAward;sustainability;bees;award;награда




Macedoniаn Honey е добитник на наградата Energy Globe Award. Наградата беше врачена на 15-11-2022 со пригодна свеченост во канцелариите на Австриската трговска комора во Скопје. Наградата ја додели Јuta Walter трговско аташе на Австрија, задолжена за Србија, Македонија и Црна Гора.

Energy Globe Award – светската награда за одржливост – е најпознатата еколошка награда на денешницата ширум светот.

Во конкуренција од 2500 проекти од 180 земји Macedonian Honey ја доби престижната светска награда за проектот “Со пчеларство против климатските промени” .
Целта на нашиот проект е да создадеме иновативни алатки, активности и опрема за пчеларството за 21 век. Да се вклучат ИТ иновации, апликации и платформи за поддршка на опрашувањето, биодиверзитетот и благосостојбата на планетата. Драстично да се намалат директните трошоци на пчеларството, имплементација на нови пчеларски одржливи практики и создавање дополнителни услуги со користење на дигитални технологии.

Нашите успеси и признанија на досегашниот пат се следниве:
•  Победници во категоријата “клима” на StartUp Europe Award.
•  Дизајн на нови кошници (Elle-Hive™), иновативни одржливи пчеларски практики - наградени во ЕУ.
•  Креатори на првата македонска бесплатна школа за учење на далечина, со над 40 часови приспособени за лица со оштетен вид.
•  Соработка со општествено одговорни компании и амбасади за зачувување на пчелите.
•  Oсновачи на македонската платформа beenet.mk која продава и промовира пчеларски производи од сите региони.
•  Проект со Кралската фондација во Обединетото Кралство - FRSA (Fellow of the Royal Society of Arts) со цел ширење на виталното значење на пчелите за човечкиот живот, особено во услови на глобална климатска криза.




Back to content | Back to main menu