
Овој вкусен и едноставен рецепт е за 10-12 мафини. Идеален за доручек или ужина.
Потребно е:
- 3 многу зрели банани
- 10 Honeystick или 1/3 чаша мед
- 1/4 чаша масло
- 1 големо јајце
- 1 лажичка ванила
- 1 1/2 чаши брашно
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/4 лажичка сол
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180C.
Во голем сад, здробете ги бананите и измешајте ги со медот, маслото, јајцето и ванилата. Додадете ги брашното, сода бикарбоната и солта.
Поделете го тестото во калап за мафини, полнејќи ги речиси целосно, и печете 20 минути, или додека не добијат златна боја.