6 Работи Што Секој Претприемач Може Да Ги Научи Од Пчелите - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

6 Работи Што Секој Претприемач Може Да Ги Научи Од Пчелите


Речиси 80 милиони години или повеќе, пчелите играат исклучително важна улога во екосистемот, бидејќи тие се одговорни за опрашување на цвеќињата и растенијата. За повеќето луѓе најверојатна асоцијација за пчелите е медот, но тие исто така ни нудат и важни лекции за менаџирање.
Сега сигурно си мислите, што може да научам од инсект? Од мисија, до делегација, до обука, многу може да се научи за водењето бизнис од пчелите.
 
1. Разбирање на вашата мисија Пчелите имаат апсолутна опсесија со она што е добро за целата организација / тим / оддел / група од она што е добро за секоја поединечно. Визијата, стратегијата и верувањето на целата кошница помага да се дефинира вистинскиот правец, така што секоја пчела е посветена кон поголема цел, насока и филозофијата на преживување.
 
2. Градење на тим и делегирање задачи Пчелите имаат јасна организациона структура и секоја пчела си ја знае и разбира својата улога. Матицата е задолжена за снесување на сите јајца (2000 на ден). Од оплодените јајца ќе се развијат пчели, а од неоплодените јајца ќе се развијат трутови (т.н. машки пчели). Единствена задача на трутовите е да ја оплодат матицата и притоа тие умираат во процесот. Типично, никој нема да побара од вас да умрете во канцеларијата, но поентата е жртва. Понекогаш, индивидуалните потреби треба да бидат жртвувани за успехот на тимот. Пчелите го сочинуваат најголемиот дел од кошницата и се вешти за извршување на сите задачи. Јасно е дека пчелите имаат хиерархија, а истото треба да важи за тимовите. Ова не значи дека една личност е поважна од другата, бидејќи секој член од тимот е од суштинско значење, но на тие тимови им е потребна структура и лидер. Делегацирањето задачи е неопходно за успех. Давањето конкретни функции и задачи на членовите на вашиот тим е суштински дел од делегирањето.
 
3. Комуникација Пчелите користат вибрации и феромони за да пренесат комплексни пораки. Имаме толку многу технологии за да ни помогнат да комуницираме; но да не заборавиме дека искреноста е клуч за одлична комуникација. Исто така мора да бидете јасни во вашата комуникација со тимот. Бидете јасни и концизни во вашите очекувања и цели и очекувајте дека начинот на кој ќе комуницирате со вашиот тим, ке биде ист со кој тие ќе комуницираат кон вас. Членовите на тимот мора да бидат сигурни и доволно комфорни за да го подигнат црвеното знаме, доколку е потребно, да побараат од своите колеги помош или да побараат од вас насоки. Ако пчелите не можат ефикасно да комуницираат меѓу себе, нивниот опстанок ќе биде загрозен.
 
4. Обука за замена и промоција Пчелата има автоматски систем за обука и промоција за да и помогне на кошницата да остане безбедна при итни случаи. Работата на пчелите е поделена во две главни области: работа внатре во кошницата и надворешни задолженија. Младата пчела го започнува својот работен век извршувајќи задолженија внатре во кошницата: чистење, негување на младите, складирање на нектарот, пчела чувар... Таа во тој период ја нарекуваме “куќна пчела”. Како таа созрева, така станува “пчела излетничка”. Главно задолжение на пчелата излетничка е да заминува на дневни излети барајќи и собирајќи нектар од природата. Собраниот нектар пчелата го предава на куќните пчели во кошницата задолжени да го складираат. Пчелата излетничка заедно со храната на куќните пчели им предава и хормон кој им го успорува созревањето и го забавува процесот на трансформација од куќна пчела во пчела излетничка. Кога една пчела излетничка ќе угине, тогаш една куќна пчела побрзо ќе созрее и ќе стане пчела излетничка. Доколку во една кошница се случи масовно изумирање на пчелите излетнички, тогаш поголем број од куќните пчели порано ќе созерат и ќе станат пчели излетнички. Тие ќе бидат отсутни од кошницата и за одереден период ќе настане застој во одгледувањето на младите бидејќи бројот на куќни пчели ќе се намали. Работите ќе се стабилизраат тогаш кога поголем број од постојните ларви ќе ја завршат својата тарнсформација во млади пчели и ќе ги превземат работите во кошницата. Во вашата организација треба да се стремите никогаш да не зависите од еден поединец. Секој треба да знае како да направи повеќе од само една специфична работа. Со знаењето како да работат во неколку различни области на работата, вработените се посреќни и пофлексибилни. Пчелите се постојано синхронизирани во еднаков број на надворешни и внатрешни работници и во случај да голем дел од надворешните работници умираат, внатрешните работници ќе ги заменат се со цел да нема никакво нарушување.
 
5. Лидерот е вистински слуга на сите Тежнееме да размислуваме за матицата како лидер на кошницата, дека само седи, додека нејзините работници го носат нектарот. Наместо тоа, таа е слуга на нејзината кошница, снесува јајца и произведува повеќе квалитетни пчели за да се осигура дека кошницата може да опстане. Матицата ја знае нејзината улога во рамките на колонијата и ги извршува своите должности,и истовремено има доверба во другите дека ги вршат своите обврски. Иако сме лидери во нашата компанија, ги водиме другите за да ја оствариме нашата визија за компанијата - ние сме и слуги на нашиот тим. Прашајте што му треба на тимот и активно слушајте. Тимот се однесува како еден, во потрага по заедничка цел која носи успех. Улогата на лидерот е да ја гради културата на “колонијата”; на секој состанок, на пауза, во ходникот. Лидерот ги дефинира "што" и "зошто" и им овозможува на вработените да го дефинираат "како".
 
6. Предвидување на ризици и приспособување кон промена Пчелите имаат софистициран систем за справување и ублажување на ризиците. Тие лесно можат да се прилагодат на временските промени и другите непредвидени настани. Тие, исто така, знаат како да работат со одредени препреки. Тие ќе работат неуморно во текот на пролетта и летото за да произведат доволно храна за зимските месеци, во кои очигледно нема да можат да соберат ништо. Во случај на губење на нивната матица, тие веднаш изградуваат нови матични ќелии и од постојните јајца (стари најмногу до 3 дена) ќе се родат неколку нови матици од кои најсилната останува. Тимовите треба да бидат свесни за ризиците и да имаат дефинирано процеси што ќе им помогнат целосно да ги избегнат овие ризици, или ако тоа не е можно, ублажување на нивните ефекти. Ситуациите можат да се променат многу брзо, така што секогаш треба да се воспостават планови за непредвидени ситуации.




1 comment
Average Vote: 5.0/5
Moeime
2018-03-11 17:24:50
Секоја чест за овој пост има логика се до...

... неможам да ја извадам мислата од глава ...

... "Специјализацијата е за инсектите, не за човекот" :)

Ви посакувам бериќетна пролет!

Back to content | Back to main menu