Иако пчелите не спијат, сепак медот е ефикасен во борбата со несоницата. Природниот шеќер кој се состои во медот, дава мал поттик за инсулинот, кој е потребен за лесна
апсорпција на аминокиселината триптофан,во мозокот.
Триптофанот е одговорен за производство на ниацин (Б3) и серотонин,невротрансмитерот кој е одговорен за чувството на среќа. Триптофанот е исто така потребен за производство на мелатонин, кој е од витално значење за здрав сон.