Три причини да подарите мед - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Три причини да подарите мед


Дали некогаш имате блокада што да подарите? Можеби што да се даде за Божиќ/Нова Година, што да се донесе на пријателска вечера или што да се даде како роденденски подарок?

Па, ова е крај на сите Ваши проблеми, бидејќи имаме идеална идеја за подарок: мед. Да, навистина, ова е прекрасен подарок за дарување, во секое време од годината.

Секако, постојат тони други идеи за подароци, но сепак, медот е прекрасен подарок бидејќи е невообичаен, внимателен и уникатен. Медот е подарок направен од стотици и илјадници мали работнички, кои работат заедно, ги истражуваат и опрашуваат цвеќињата додека собираат нектар. Големата количина на труд од пчели што се прави при едно пакување мед е феноменална. Се проценува дека за производство на килограм мед, пчелата треба да прелета повеќе од 100.000 километри.

За разлика од рафинираниот шеќер, конзумација на мед е високо препорачливо, поради неговата висока содржина на минерали и витамини во неа. Конзумирањето на мед овозможува да имате моментална енергија ако треба да се соочите со неочекувани напори, бидејќи не бара дигестија и може веднаш да се користи од телото.

Исто така, во свет во кој што ги исполнуваме нашите животи и домови со производи кои предизвикуваат загадување на земјата, медот е светилник на надеж. Едноставно, елегантно и толку пријатно со кашкавал, самостојно и во пијалаци.

Ако сакате да го споите вашиот подарок мед со уште нешто, тогаш кашкавал покрај мед е прекрасна комбинација, одличен подарок за вашиот домаќин, ако одите на вечера. Одберете за почеток чедар или гауда, а потоа пробајте и со овчи кашкавал и сино сирење.

Среќно со она што ке го одберете. Сепак, подарокот настрана, споделувањето на љубовта и љубезноста пред сè е навистина најдобар подарок за давање.




No comments

Back to content | Back to main menu