6 Придобивки за Вашето тело со само половина час трчање - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

6 Придобивки за Вашето тело со само половина час трчање



Има голем број научни сознанија кои велат дека редовното вежбање (150 минути неделно, што е околу 30 минути пет пати неделно), а особено трчањето, има здравствени придобивки кои се многу поефикасни од било која пилула што лекарот може да ја пропише. 
Истражувањата покажуваат дека трчањето може да помогне во спречување на дебелината, дијабетес тип 2, срцеви заболувања, висок крвен притисок, мозочен удар, некои видови рак и бројни други непријатни состојби.

Денот има 1440 минути, па зошто да не потрошите само 30 мин на трчање?

  1. Континуирано топење масти – Со трчање од само 15-30 минути, метаболизмот започнува со топење масти. Воедно вашето тело продолжува да согорува масти и по вежбањето. Зошто? После вежбање, вашето тело влегува во фаза на прекумерна потрошувачка на кислород (EPOC excess post-exercise oxygen consumption) и енергијата од јаглени хидрати и масти се користи за обнова на оштетените ткива, со цел вашето тело да се врати во неговата состојба пред вежбање. Ова фаза трае од 15 минути и до 48 часа, што значи дека вашето тело се уште согорува масти.
  2. СреќаПо само 10 минути трчање, ќе ги ослободите сите оние прекрасни ендорфини (хормони на среќа) и ќе се почувствувате подобро. Често, краткото вежбање е многу покорисно од долгото трчање, бидејќи се избегнува пост-заморот,а воедно прави да се чувствувате исполнети и ревитализирани.
  3. Трчањето го продолжува вашиот животДури и со минималнита количина на физичка активност - (30 минути, пет пати неделно), ќе живеете подолго. Енормно големата студија во списанието PLOS Medicine покажува дека кога  почнале да вежбаат, луѓето живееле подолго. Пушачите додале 4,1 година во својот живот; Непушачите добиле три години. Дури и ако сеуште сте пушач, ќе добиете 2.6 години. Преживеаните од рак го продолжиле својот живот за 5,3 години. Оние со срцеви заболувања се здобиле со 4,3 години.
  4. Горење калории 30 минутно трчање ви гарантира минимум 200-500 потрошени калории. Значи доколку  пред излегување во ресторан, имате кратко трчање, ќе можете безгрижно да уживате во десертот. 30 мин. трчање без оглед на вашата брзина, темпо или способност навистина ќе ви помогне во губење на тежината.
  5. Спиење -  30 мин дневно трчање помага да имате добар сон. Најдобро време за трчање е 30 минути наутро или 30 минути после работа. Не сакате да ги активирате оние енергетски ендорфини, половина час пред спиење. Трчањето  може значително да ги намали симптомите на анксиозност и, со тоа, ги намалува хемикалиите на имунолошкиот систем кои можат да ја влошат депресијата. Откако ќе  најдете мотивацијата (која често е најтешкиот дел), трчањето може да помогне да се справите со депресијата на здрав начин, која пак е честа причина за несоница. Студијата  во "Journal of Adolescent Health" покажа дека само триесетина минути во текот на неделата за три недели го зголемува квалитетот на спиењето, расположението и концентрацијата во текот на денот.
  6. Затегнување на телото 30 минути трчање , 5 дена во неделата (и здрава исхрана) за 6-8 недели има за резултат затегнат стомак, зајакнати квадрицепси и брза промена на вашето тело.




No comments

Back to content | Back to main menu